Премиерот Зоран Заев, имаше прво обраќање по вчерашното гласање во македонскиот Парламент и прифаќање на измена на Уставот.
Тој веќе од зградата на Владата на Република Македонија, го користи новото име на државата-Република Северна Македонија.
За овој историски момент им се заблагодарувам на секој пратеник и пратеничка. Знам колку беше тешко тоа. Ги разбирам и горчината и лутината кои не го прифаќаат исходот од гласањето, но и оние кои се радуваат и слават.
Испишуваме нова реалност на Република Северна Македонија, членка на НАТО, наскоро и на ЕУ во иднината.
Идните генерации ќе бидат горди да ја нарекуваат свој дом нашата земја.
Донесовме одлука за безбедна и спокојна иднина.
Одлука со која нашата Република Северна Македонија, станува дел од модерниот свет.
После одлуката во македонскиот Парламент, ги разбивме сите дилеми и знаеме дека само заедно можеме напред.
Во идентитетот на нашата македонска држава се вградени и идентитетите на сите други што живеат тука, а не се дел од македонскиот народ.
Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и прва ќе го ратификува документот за пристапување на македонија кон НАТО.
Презедовме одговорнот и покажавме капацитет да решавам, а не да одлагаме.
Дома ќе работиме на помирувањето и националното обединување.
Почитувани граѓани, заедно со вас ја подготивме почвата и засадивме семе. Но секој земјоделец знае дека тоа е само прв чекор за собирање на плодот.
Наша должност е да го искоритиме овој момент.
Нема застануваање, сега е време за решавање на домашните прашања. Очекувам од сите министри и градоначалници да работат напорно и ефикасно. Имаме една заедничка цел да го направиме животот убав за сите.
Држете ги вашите тимови одговорни.
Ниту јас, ниту граѓаните, нема да толерираме натамошно отсуство на резултати.
Многу инвеститори чекаа решавање на ова суштинско прашање.
Во 2019 ќе ја покачиме минималната плата“-рече премиерот Зоран Заев и најави големи реформи во наредниот период.
,,Да живее Македонија, да живее Република Северна Макеедонија“-рече премиерот на крајот од своето обраќање.