Заев измисли „казино деливери“: Фонд за иновации држ се!

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју беше прашан зошто со новите мерки угостителските објекти мора да се затворат во 21 часот, а истата мерка не важи за казината. Тој објаснувајќи ја причината, се послужи со синтагмата „деливери казино“, со што само ја надополни низата на гафови кој тој редовно ги прави во јавните настапи.

-Не одат многу по казината луѓето. Еден дел од казината се деливери, доаѓаат како испораката што ја земате за носење за дома. Не останувате…“, рече Заев.

Неговата изјава потоа беше инспирација за бројни шеги на социјалните мрежи.

Дел од нив ви пренесуваме:

-Ало, казино ХХХ? Ве молам еден VLT апарат за вечер во 22 часот на ул. Таа и таа бр. тој и тој.
Нема проблем праќаме вечер.

После деливери казино природно доаѓа онлајн кафана.

Ебати деливери-то на овие од казино Фламинго, 2 часа ги чекам да ми го донесат рулетот да свртам два-три пати на него.

Ајде ајде, казино деливери не е дури ни во неговите топ 10 гафови. Смирете ги градите.

Во кладилница и казино даваш пари, они деливери прават на ливче и чипови до тебе и тераш. Што не е јасно злобници?

Оглас за работа: Се бара возач за деливери казино!

Заев очигледно го има возено моторот без кацига и повеќе од еднаш паѓано од него. #казиноделивери