Премиерот прашан и за наводите дека сопственик на еден медиум придружуван од висок функционер на власта вршел рекет врз бизнисмени, поранешни и сегашни функционери тема на пратеничките прашања во Собранието.
Заев вели допреле овие гласини до него и информираше дека истрага се води, а разговарал и со дел од лицата кои се споменуваат.
Од Јавното обвинителство велат кај нив досега не е отворен предмет, но внимателно се следат сите информации поврзани со оваа афера. Кога ќе обезбедиме доказ за конкретно кривично дело ќе биде отворена постапка, велат од обвинителството.