Заев ќе го води Советот за реформи во администрацијата

Премиерот Зоран Заев ќе ја преземе одговорноста за Советот за реформи во јавната администрација и ќе застане на неговото чело, пренесе Фактор.

Заев ќе го води Советот кој има за цел да работи на подобрување на законската регулатива како и на пронаоѓање на сите слабости во оваа област.

Се очекуваат повеќе детали за начинот на кој ќе работи Советот за реформи во јавната администрација  и за тоа како ќе се решаваат проблемите.