По практиката на поранешниот премиер Никола Груевски и шефот на државата Ѓорге Иванов кои заедно со сопругите се фотографираа со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, сега и Заев ќе се слика со американскиот претседател Доналд Трамп.
Инаку, Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на 72-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември. Како што дознава порталот Вистина.мк., Заев со сопругата на приемот на Генералното собрание ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, и по примерот на Груевски и Иванов, тој ќе се слика со него заедно со сопругите.
Тоа во минатото го правеше Груевски, кога при посетата на Соединетите Американски Држави на приемот кај поранешниот претседател Барак Обама, се сликаше заедно со неговата сопруга Боркица и сопугата на Барак, Мишел. Исто така, во минатото, и претседателот Иванов заедно со сопругата Маја, се сликаше со Барак и Мишел Обама.