Заврши чинот на примопредавање на премиерскиот кабинет, разговаравме со техничкиот премиер во заминување г-дин Емил Димитриев и бев запознаен со сите неопходни детали коишто треба да ги знам уште денеска согласно целиот протокол, како што тоа го пропишуваат уредбите, рече социјалдеморкатскиот премир Зоран Заев.
Новинарите ги извести фдека бил информиран за салите за состаноци, за помошните простории, за сето она што значи, како што рече Заев, работен амбиент на премиерот.
„Бев запознаен со состојбата во државата, секако таа не е сјајна, но не е и драматична, така беше пренесено. Ние кога ќе ги направиме увидите веднаш ќе соопштиме на граѓаните, но драго ми е што по еден ваков пријателски начин се направи примопредавањето кое што испраќа исто така позитивна порака за граѓаните дека без разлика на политичките околности, нашите политички позиции и некогаш спротивставени со политичките опоненти, сепак на сите им е јасно дека ќе си требаме еден со друг заради граѓаните, заради државата, заради реформите и за сето она што е интерес за граѓаните. Така што уште еднаш честитки до цела Македонија за новата Влада, Господ да ни дава памет на нас политичарите, за мудро да водиме и исклучиво во интерес на граѓаните и Господ да ние ја чува Македонија“, изјави Заев.
.