Заев краде идеи на Мицкоски: И тој ќе гради автопат до Битола

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба во Регионалната стопанската комора во Прилеп, зборуваше и за автопатското поврзување на Битола, јави ТВ Тера.

„Сите мерки кои досега ги спроведовме беа вистинско слушање од страна на стопанствениците кои беа укажани кај нас и драго ми е што мерката за супституција со растот на платите преку супституцијата на придонесите е широко прифатена и верувам дека на пресекот на крајот на месец февруари ќе излеземе со податок за сериозно повисока просечна плата во државата. Минималните плати, покрај со синдикатите, ги утврдивме и со коморите, но истовремено и севкупните поддршки преку Фондот за иновации кои за 57 пати дава поголема поддршка од пред 3 години и ги даде првите резултати, се јавија сериозни старт-ап компании, постојните компании аплицираа во државата за да може по пат на креативност, иновативност и технолошки развој го унапредат и својот дел на продуктивноста и компетитивноста во својот дел на производство, но и преку тоа отвораат нови работни места“ рече Заев.

Заев зборуваше и за автопатот до Битола.

„Но, денес сме овде да разговараме и за развојот на целиот овој регион, денес ќе ја отворам прв пат темата по повод идејното решение за автопатското поврзување на потег Велес -Прилеп -Битола, денеска е со нас идејното решение кое е изготвено зборувавме со министерот за транспорт и врски, ќе ги каже деталите, се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија која е скоро единствена од ваков обем се работи за проект вреден над 600 милиони евра каде имајќи во предвид дека источна Македонија е автопатски решена, западна Македонија ја решаваме со патот Кичево -Охрид и знаете дека продолжува Кичево -Гостивар проширувањето и останува централниот дел на нашата држава кој не е важен само за Прилеп, важен е и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и Охрид, а мене како струмичанец ми треба 3 ипол часа за да дојдам до Охрид, а при едни вакви решенија тоа ќе се намали на некаде 2 часа односно за мене како струмичанец е поблиску да стигнам до Егејското море, односно до Солун или до Бугарија за 4 часа, а 3 ипол часа ми е до Охрид, ова се паралелите за да знаат граѓаните колку се важни ваквите централни магистрали кои мора да ги направиме.

Државата е со сериозен финансиски капацитет и презентирани се податоците со скоро 700 километри патна мрежа развиена само во последните години, пред се рехабилитација и изградба на новите патни решенија, од локални, регионални, магистрални патишта кои ги градиме ние преку развиена инфраструктура развиваме дополнителна мотивација за поголема компетативност и поголеми апетити за вложување на самите компании за инвестирање во поголеми производствени капацитети со што претставува нешто кон што треба сите да се стремиме“ рече тој.