Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека поради Левица, која имала 750 амандмани за Изборниот законик, не се предложени измени. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаконски акти.
– Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Најголемото барање на опозицијата, фингерпритот, е вградено за измените на законот, вградени се најголеите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение – рече Заев.
Премиерот исто така кажа дека и законот за личните карти е блокиран од Левица.