Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци. Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев
– На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден. На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено. Оддавам признание пред наследството на светите браќа Кирил и Методиј, пред творештвото на Крсте Петков Мисирков и преродбениците, пред делата на Блаже Конески и пред кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Благодарение на нивната посветеност, денес македонскиот јазик е дел од светското јазично богатство – вели Заев.