
Премиерот Зоран Заев го честите 11 Октомври – Денот на македонското национално востание.
-На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин почна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот.
Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации.
Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание! – се наведува во честитката на Заев.