Заев најави укинување на патните трошоци за пратениците

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, деенска предизборно најави дека судиите кои намерно ќе застарат предмет по автоматизам ќе бидат разрешени. Ќе има и законска обврска за јавна објава на сите трошоци на судии, обвинителите, но и на градоначалниците.

„Судиите кои намерно ќе застарат предмет, како што имаме случаи во Врховен, но и во сите судови во државата, по автоматизам ќе бидат разрешени. Предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој не постапува со цел да застари предмет алармот ќе се вклучи и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам. Судскиот и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа само да го констатираат“, рече Заев.

Тој најави дека доколку дојдат на власт ќе ги укинат патните трошоци за пратениците во Собранието. Исто така и дека ќе ја намалат јавната администрација за 20 проценти, а во администрација ќе работат тие што се спремни да им служат на граѓаните.