Заев на средба со Ахмети и Џафери во Собранието

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според неофицијалните информации, тие разговарале за седницата на собраниската Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, која треба да расправа за барањата за одземање имунитет на шестмина пратеници кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април во Парламентот.