Премиерот Зоран Заев, ги прими директорот на најголемиот музички фестивал во регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ, како и гости од САД, успешните спортисти во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како успешни производители на медицински канабис во САД.
Како што информираат од Владата, гостите, откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, на средбата истакнале дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност.
Од владиниот кабинет дополнуваат дека премиерот Заев ги презентирал можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Македонија, а инвеститорите презентирале искуства со најнапредна технологија и знаење коишто веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.
-На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени, стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на „Егзит“ фестивалски активности и во нашата земја – стои во соопштенито од Владата.