![zoran zaev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/zoran-zaev-1.jpg?resize=530%2C305&ssl=1)
Челникот на СДСМ, Зоран Заевм во интервјуто за црногорскиот весник Побједа најавува брзо решавање на спорот за името и брз прием во НАТО, но остварувањето на ваквите амбиции на Македонија, како што е многу добро познато, е возможен само доколку Грција биде задоволна од исходот на спорот за уставното име на земјата.
Во последното интервју за црногорска Побједа, Зоран Заев отворено зборува по прашањето за промена на името на државата да не бидат консултирани граѓаните на Република Македонија.
Имено Зоран Заев за решавањето на спорот за името со Грција вели: „Доколку биде неоподно, ќе ги повикаме (граѓаните) на референдум да одлучат за името на државата во која живеат“.
Со тоа лидерот на СДСМ, навестува дека во неговите планови се содржани опции за решавање на ова деценистко прашање со многи сериозно загрозување на демократијата во земјата.
Прво, се наметнува тезата дека граѓаните може и да не бидат консултирани за решението, бидејќи Заев вели „ако биде неопходно“, односно суспендирање на референдумот како највисок облик на демократското изјаснување на граѓаните за важно прашање кое се однесува на нивната однина. Втората опција, пал, е дека ќе се разговара за името на државата во која граѓаните живеат, односно дека нема да се разговара за употребата на името за меѓународна или билатерална употреба, туку за името на државата, кое е со Устав уредено.
Оваа последна позиција која ја дава Зоран Заев упатува на можноста за промена на Уставот и уставното име на државата, па дури и граѓаните да бидат заобиколени во тој случај. Со тоа безмалку се става во целост на позициите на Грција кои налагаат промената на името на државата да важи „ерга омнес“, односно едно име на државата и за меѓународна и за билатерална употреба, но и промена на името за внатрешна употреба, односно промена на уставното име.
Со тоа директно се уриваат позициите на Република Македонија во спорот за името и дефакто се прифаќаат „црвените линии„ на грчката страна, што ќе значи идентитетски проблематизирања на македонскиот јазик и народ.
Најблиската соработничка на Заев, Радмила Шекеринска во текот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2008 година гарантираше дека за шест месеци дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО и започнување на европксите преговори. Таа тогаш не кажа како тоа планира да го направи, иако сите експерти јасно посочуваа дека нашата евроатланска интеграција е закочена исклучиво од ветото на Грција и возможното нејзино откочување есамо доколку се реши спорот за името.
https://www.youtube.com/watch?v=bm20HzCB6vM