
И денес на телевизијата Телма чие сопствеништво е на компанијата Макпетрол кон која Владата одлучи да и се платат 32 милиони евра за гасоводот, немаше ниту еден прилог каде е застапена опозицијата. Наспроти ова ревносно се пренесувани владините активности и изјави на челните луѓе на владата. Ваквата неизбалансираност, поточно целосното отсуство на ставовите на опозицијата е во спротивност со новинарските стандарди за избалансирано известување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во состојба на цензура која доаѓа по бруталното откажување на интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е принудена да ги искористи сите легитимни начини да биде застапена и да ги изрази своите ставови меѓу кои е и ова соопштение. Заев наместо да почне преговори со ЕУ, прави цензура врз опозицијата на Телма. Ги охрабруваме новинарите да не подлегнуваат и да дадат отпор на обидите на цензурирање, велат од партијата.
Додаваат дека ги поттикнуваме и другите медиуми кои се под жесток притисок да известуваат демократски и ги охрабруваме да останат на страната на принципите, стандардите и демократијата, да издржат бидејќи не за толку долго работите ќе се променат кон поголема демократија и слобода.