Заев: Наша обврска е да носиме одлука за идните генераци

Наша обврска денес е да носиме одлуки за доброто на сегашните и идните генерации, а преку претстојниот референдум ја обезбедуваме иднината но и економски раст за достоинствен живот рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Валандово организирана од Коалциијата заедно за европска Македонија.

Рече дека членството во ЕУ со прифаќањето на договорот со Грција носи голем пазар и повисоки цени за овошјето и зеленчукот од југоистокот што значи и подобар живот на производителите.

„Не е исто дали локалните производи ќе се продаваат тука или во целиот свет. Со продавање на нашите колошки производи во светот можеме да чекаме достоинствени цени за производите“, рече Заев

Излезност и поддршка како на референдумот во 1991 година очекува премиерот Зоран Заев и за референдумот годинава. Од трибина во Валандово порача дека очекува критики од опозицијата за работата на неговата Влада, но по прашањата кои се однесуваат на иднината на земјава очекува да застане на иста линија со него.

Зборувајќи за склучениот договор за името, Заев рече дека идентитетот не само што е потврден туку е и прифатен од страна на Грција.

Истакна дека изолирана Македонија без пријателски односи со соседите нема да биде просперитетна. Коалицијата заедно за европска Македонија денеска одржа граѓанска трибина и во Дојран каде исто така беше истакнато значењето на референдумското изјаснување и придобивките од членството на земајва во НАТО и ЕУ.