Намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти во најскоро време не може да се очекува. Владата допрва ќе го разгледува ова прашање, иако од РКЕ и од ЕЕЗ препорачаа ваквата мерка да биде приоритет на новата власт бидејќи на тој начин би се ублажил ударот од новиот скок на цената на струјата. Премиерот Заев посочи дека предлогот е добродојден, но мора да се види како намалувањето ќе влијае на обезбедувањето на средства за справување со коронакризата.
За намалување на цената на струјата неопходна е гасификацијата. Заев најави дека со помош на САД, земјава ќе се вклучува на терминалот за приемр на течен гас во грчки Александрополис. Се разгледува и опцијата за повтопрно активирање на нафтоводот Скопје – Солун.
Освен намалување на ДДВ за струја европската енерегетска заедница препорача да се прошири и листата на граѓани кои ќе бидат финансиски помогнати да ги покриваат трошоците за струја.