Предлогот Илинденска Македонија беше одбиен и од грчката страна, и од македонската опозиција, и поради тоа не можеше да се продолжи со тоа, рече премиерто Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од ВМПО ДПМНЕ за предлогот за името.
Тој вели дека е нормално да се искажуваат ставови од двете страни, но мора да се внимава, бидејќи шансите за почнување на пристапни преговори со ЕУ се многу поголеми доколку имаме решение.
„Блиску сме до можно решение во спорот за името со Грција. Треба да бидеме внимателни да не се наштети на процесот. Јас вчера кажав некои детали за процесот. Јас и премиерот Ципрас се договоривме за „република илинденска Македонија“. Заклучивме дека треба да го провериме дома дали е прифатлив тој предлог. Во Грција не помина. Бидејќи го одби опозицијата не разговараме понатаму за Илинденска Македонија. Важен е референдумот, треба и граѓаните да се произнесат“, одговори Заев на прашањето од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска.
Заев не одговори на дополнителното прашање дали Македонија прифатила ерга омнес и за сите други предлози на медијаторот во спорот за името со Грција Метју Нимиц.