28.8 C
Skopje
среда, јуни 26, 2024

Заев: Не сум имал контакт со Зекири

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Економски Лидер вели дека тој во последните 20 дена немал контакт со потпретседателот на партијата Мухамед Зекири кој беше дијагностициран како позитивен на вирусот Ковид-19.

„Од самиот почеток на глобалната пандемија во седиштето на СДСМ се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од здравствените и надлежните институции за заштита на здравјето на секој поединец. Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција. Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста. СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец“, рече Заев во изјава за Лидер.