Заев не успеа во намерата со манипулации да го узурпира ССМ

заев

ССМ ги негираат претходните информации дека во зградата на ССМ Дарко Димовски, бил физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија.

Истовремено од ССМ и синдикатите кои го поддржуваат Митревски, објавија дека дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, беа покренати повеќе кривични пријави за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, за кои се предвидени казни затвор од 3 до 10 години.

„Против лажно претставуваниот в.д. претседател Дарко Димовски, сторител на повеќе кривични дела поднесени се повеќе нови кривични пријави вклучително и за групата фалсификатори и синдикални пензионери за насилно превземање на зградата на ССМ, нарушување на владение, попречување на нормално функционирање на ССМ, попречување на работата на други грански синдикати, самовластие и други кривични дела, за кои исто така се предвидува повеќе годишни казни затвор“, се наведуведува во соопштението..

Вчера Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.

Претходно во четвртокот членови на гранските синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, кои избраа ново раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), се собраа во холот на зградата на ССМ со цел да спречат од нив разрешениот претседател на ССМ Живко Митревски да ги исели од зградата.

Според последните изјави на Живко Митревски, на седница на Советот, 13 гранкови синдикати гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, кршење на Статутот и неплаќање членарина редовно.

Во денешното соопштение на ССМ се истакнува дека за групата „фалсификатори и синдикални пензионери, нема место во синдикатот“. „Таквите луѓе не заслужуваат понатаму да вршат какви и да било функции поради извршените кривични дел и злоупотреба на волјата на членството, кое застана зад Митревски и легитимно избраното раководство на 19-тиот Конгрес на ССМ“, се додава.

„Со ова соопштение накрај сакаме најостро да ја демантираме најновата лага на манипулаторот Дарко Димовски, кој на најбезобразен начин пласира нова лага дека бил физички нападнат. Станува збор за нова лага со цел истиот и групата фалсификатори да се извлечат од кривичните дела“, истакнуваат од ССМ.

Според нив било спречено „дивеењето и алкохолизираната состојба и разрушениот инвентар“, и притоа службите на ССМ во присуство на полиција ги отстраниле сите пречки за нормално функционирање на зградата на ССМ и на институциите кои делуваат во неа. Според информациите, заедно со исклучените членови од ССМ кои се обидоа да го узурпираат Синдикатот, биле и неколку лица од Струмица, ангажирани од опозицијата.

ССМ побарал асистенција од полицијата

-Од страна на лицата Пецо Ристески, Пецо Грујовски, Живко Даневски, Дарко ДИмовски и Ристо Ајтов е извршено насилно и неовластено влегување во просториите каде се наоѓа седиштето на ССМ. Од страна на погоренаведените, мене како претседател на ССМ ми е оневозможен пристапот и влегувањето во седиштето, а со ваквиот начин на постапување ми е оневозможено и вршењето на мојата функција претседател на ССМ. Напоменувал дека овие лица се исклучени од членството на ССМ и со оглед на тоа дека немаат никакви права во ССМ, ниту пак полагаат било какви права врз просториите каде се наоѓа седиштето, поднесувам барање за асистенција на полициски службеници, се вели во барањето потпишано од Митревски до Полициската станица- Центар.