Заев нема записник дека го пријавил „Рекет“: Судот не дозволи премиерот да биде прашан дали тој лично би му дал макар едно евро на Боки

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, распитот во судот каде Зоран Заев го тужи за клевета, се обрати до медиумите при што истакна дека од страна на судот не му било дозволено да постави едно прашање.

Николоски рече дека станува збор за „клучно прашање“:

– Дали Зоран Заев, и како политичар, но и како бизнисмен, би дал барем едно евро, а не тешки милиони, на сомнителен лик како Бојан Јовановски, доколку позади тоа не стои силен политички притисок, рекет и изнуда, рече Николоски.

За жал, додаде Николоски судот не дозволи прашањето да се постави, бидејќи како што вели одговорот им е јасен на сите.

Следното рочиште е закажано за 4-ти октомври.

Од страна на Николоски беше прашан дали поседува записник дека го пријавил случајот „Рекет“ кај Обвинителството. Заев рече дека претходно го споделил и терминот кога бил кај Рускоска и државниот обвинител Љубомир Јовески и оти тоа го направил после средбата со бизнисменот Орце Камчев.

Не поседувам записник ниту службена белешка, ако имав нема зошто да не го објавам. Не лажам, рече Заев.

Заев го тужи Николоски за изјавата дека тој се наоѓа на врвот на криминалната пирамида во случајот „Рекет“. Николоски се застапува самиот, без адвокат.