После позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ 21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.
„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.
Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца.
Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно“, рече Заев.