Заев очекува Села да го прифати вицепремиерското место за реформи, а од Мицкоски конструктивност

Стабилни политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и како СДСМ, значат и стабилност за Република Македонија, завршувањето на конгресот на нашиот политички опонент и изборот на нов лидер треба да претставува перспектива и за државата, изјави во понеелникот премиерот Зоран Заев и додаде дека очекува лидерот на коалицискиот партнер Алијанса за Албанците, Зијадени Села, да го прифати вицепремиерското место за реформи.

„Очекувам конструктивен процес во парламентот и критичен осврт од опозицијата. Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и заедно сите да му ја мислиме за Република Македонија“, рече Заев, прашан како го оценува изборот на Христијан Мицковски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по одложувањето на рочиштето во скопскиот Кривичен суд за сличајот „Поткуп“ во кој премиерот е обвинет за барање и земање мито во периодот додека беше градоначалник на Струмица

Запрашан дали има најава за средба со новиот челник на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека засега немаат ништо разговарано, но дека во првата можност кога ќе има потреба од средба би прифатил и би го поканил. Прашан, исто така, дали очекува најголемата пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието, Заев одговори дека очекува коригирање на одлуката и враќање во Парламентот, поради тоа, како што рече, пред него има многу сериозни прашања за одлучување.

„Учеството на опозицијата е неопходно за да имаме нормални и демократски процеси. Убеден сум дека опозицијата треба да биде составен дел од сето она што значи реформски процес, но и сето она што значи добри перспективи на Република Македонија. Таму каде што ќе успееме да се усогласиме, го очекувам и нивниот глас, таму каде што нема да се согласуваат со власта да бидат критични и против“ додаде.

Во врска со дилемите коишто ги наметна неговиот коалициски партнер Алијансата за Албанците за останување во владата, откако владејачката СДСМ реши испазнетото место во ресорот здравство да го пополни со свој кандидат, наместо повторно да го раководи кадар на Алијансата, Заев рече оти се надева дека „ако нивната одлука е да останат во Влада, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Република Македонија за реформи“.

Посочи дека ниту Арбен Таравари, ниту Зијадин Села не го информирале и тој слушнал од медиумите за неговата одлука да оди како кандидат за градоначалник.

„Станува збор за политичка партија која што има ве пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во владата и во моментот кога беше понудено при концепирање беше дадена и заради кандидатот. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи имајќи го предвид дека навистина е млада партија што ќе сака да се докажува. Верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив“, рече Заев

На прашањето дали ќе има нова средба со Зијадин Села, Заев рече дека повеќе од месец разговараат за ова прашање.