Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за ЈО, која траеше до раните утрински часови и не беше постигнат договор.
„Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме“, рече Заев додавајќи дека правда и правна држава мора да има и ќе има.
Опозицијата, според Заев, барала сите предмети пред 30 јуни 2016 да ги преземе обвинител избран од нивна страна со цел за потоа да ги доведе до уништатување и запирање.
– Да се запрат сите истраги за предмети по 30 јуни, односно да не се прецизира што со тие што се во предистрага и истрага. Понудивме формирање е ново јавно обвинителство со обвинител кое ќе гони висока корупција, кој ќе го избира опозицијата. Но нив тоа не ги интересира туку само да се запрат предметите. Предложивме сите предмети да поминат кај Јовески и тој да оцени како и дали ќе продолжат – објасни Заев.