Заев кој организираше талибански избори, сега талибански ќе попишува. Пижама премиерот Заев го злоупотребува европското знаменце при носење на Законот за попис. Законот за попис не е материја со која се усогласува нашето законодавство со тоа на ЕУ, па да треба европско знаменце. Пописот се спроведува како политички договор, а не како статистичка операција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.
– Власта ги води сите работи без консултација на опозицијата. До сега не кажале по каков метод планираат да го извршат пописот. Со криењето на методот оставаат дополнителен сомнеж пред се во јавноста. Според начинот на кој СДСМ сака да го спроведе пописот во државата можат да излезат и нереално да се избројат и 3 милиони жители, што во ниту еден случај нема да соодветствува со реалноста, велат од партијата.
– Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават 10.000 терминали и да се попише резидентното население. Тие терминали ќе бидат со можност за отисок од прст и само така ќе се изврши реален попис, кој ќе ни даде реални статистички информации. Со терминали за отисок од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани, и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти. Туркање на пописот на сила е кобно за државата. Токму затоа попис каков што планира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае, тврдат ВРМО-ДПМНЕ.