По објавување на информацијата во медиумите за изборот на Лиле Делиџакова, сестрата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за заменичка на Комисијата за хартии од вредност, премиерот Зоран Заев подоцна во понеелникот изјави наводно дека „отпосле дознал“ оти таа е сестра на Јанева.
„ Секој граѓанин може да конкурира и треба да има еднакви права по Устав и по закон. Како да ѝ кажете на сестрата на Јанева дека нема право да конкурира ако ги исполнува условите“,рече Заев по завршувањето на денешното судско рочиш за „Поткуп“, коешто го води СјО.
„Кога се кандидира некој за јавни позиции, тогаш нема скриено сиви, податоците на сите кандидати ќе ви бидат доставени. Ние само предлагаме. Собранието е тоа што ги носи одлуките. Секој граѓанин може да конкурира“, повтори Заев
Владата во документ што е испратен во Собранието на Република Македонија на 2-ри мај годинава бара парламентот да избере претседател и заменик на Комисијата за хартии од вредност кои ќе бидат професионално ангажирани. Овој документ предизвика силни реакции во медиумите, како во поглед на функциите на двете сестри од кои специјалната обвинителка се обвинува за пристрасност во процесите против членови на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и во поглед на стручноста на нејзината сестра.