Заев педеру! Ни Мандиќ не ти е рамен!

Добро прочитевте. Заев, педеру, поблиска ти е Булјарица од Бошко Вујачиќ, би напишал во некое непотпишано соопштение Андрија Мандиќ, откако ќе ја прочита следната изјава на македонскиот премиер:

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да прости ЛГБТ заедницата, еден педер – да ја срушат оваа влада“.

Каков пех. Нека ми прости братската Македонија, но премиерот навистина им испадна бедник. И тоа суетен. Дури ни Груевски себеси не би си дозволил од аферата „Рекет“ да се вади преку грбот на најзагрозента социјална група во едно заробено и запуштено општество. Кога го читав соопштението на Андрија Мандиќ кое ќе го потпише оној Вујовиќ од ДФ Будава: „Нека ми прости ЛГБТ заедницата, но нема да дозволиме власта во метрополата на туризмот да ни ја рушат Елтон Џон, Бошко Вујачиќ и еден педер кому поблиску му е гудалото отколку Булјарица“. Но, Андрија сфаќа дека дошле такви времиња. „Наместо војвода, во мода се соросовците и другите белосветски пробисвети“, заклучува лидерот на ДФ, пред да го потпише соопштението со името на Ѓоле и да им го испрати на медиумите.

Тоа е исто како Заев да речеше: „Нема да доволам владата да ми ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и, нека ми извини албанската заедница во Македонија – еден Шиптар“. Сега пратениците од албанските партии во Црна Гора може да видат дека секое малцинство заслужува внимание и поддршка. Вчера на мета беа националните, а денес некои други.

Тоа би било како Мандиќ, според примерот од деведесеттите, да напише а невиниот другар Ѓоле од Будва да потпише, вакво соопштение: „Нема да дозволиме неколку криминалци, некој суетен новинар и еден усташ да ни ја срушат власта во градот“! Бидејќи, сосема е можно на Дулетиќ од Црногорска некој во фамилијата да има хрватска крв. Или макар, како мене, кумот да му е Хрват. Ако не, тогаш Пурко е докажан усташ – за Андрија е таков од времето на ЛСЦГ. Као што Марина Јочиќ му е хероина сиве овие децении. А ДПС коалиционен партнер. Вредност, се разбора.

Или, што ќе беше доколку македонскиот премиер речеше: „Нема да дозволам владата да ми ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми прости заедницата на лица со инвалидидтет, еден е хендикепиран“! Ужасно, зарем не? Како да го гледам Мандиќ како го остри острото перо и става ново соопштение кое, секако, ќе го потпише другарот Ѓоле, од будванскиот одбор на ДФ. „Нема да дозволиме власта во Будва да ни ја срушат еден за војска неспособен пеедар кому Булјарица му е поблиска од Бошко Вујачиќ“. Значи, некои геј „со мана“. Можеби со срцева, па не го пуштиле во војска, или е дури во количка. Двоен печат, значи. И срамота, би рекол војводата. Страшно е каде ние живееме.

„Нема да дозволам владата да ми ја срушат неколку кредити и станови, неколку милиони и еден суетен медиум“, би можел да каже нашиот премиер. И пријател на Заев. Се надевам дека нема. Бидејќи тоа би личело на Мандиќ: „Нема да дозволиме во сатира да нѐ става еден суетен новинар Ж.И., криминалец кој има стан во Виена и извлекува милиони преку нашиот заштитен соработник, плус осведочен педер“! За што лидерот на ДФ има сведоци, признавам. Кусовац за Виена, некој Лакиќ за милиони, а Мугоша и синовите за Ада. Друи можам да го додадам и мојот другар, ѓакон од Кијава.

Сепак Мило е цар. Кога нему би му паднало на памет по избувнувањето на сестринската афера „Коверт“, како Заев, да рече „Нема да поднесам оставка поради неколку кумови, некој кредит, еден суетен медиуми и, да ми прости целото племе – оној Зечанин“! Тогаш тој би испаднал фашист, а не ние. И ова шовинистичко Зечанин би се однесувало на Душко, не на Миго. Иако Миго ги зема парите и му ги однел на Мило. А Мурињо лежи и се прави мртов.

Патриотизмот е засолниште на пропалитетите. А ним им припаѓа и таа врлина – најлесно да удрат на најслабите. Зарем Заев можеше да каже: „Нема да дозволам владата да ми ја срушат неколку криминалци и една разузнавачка служба“! Бидејќи ако некој од главните протагонисти во аферата е новинар, па уште и суетен, да прости заедницата од психотерапевтите во чијашто работа се меша македонскиот ПМ (премиер), а другиот можеби и геј, да прости неговата приватност, во чија интима задира – какви врски тоа има со суштината со која шпекулира западниот печат дека зад аферата „Рекет“ стојат службите на другарот Путин.

Личи на Пажин и Катниќ – не се доведува во прашање државниот удар и е докажан, но рскиот Водач и Кремљ со тоа немаат врска. Да прости ЛГБТ заедницата, за сѐ испаднаа виновни Мандиќ и Кнежевиќ.

Наместо да удри на алфа мажјакот Владимир Владимирович (кој слободното време го минува во борби со тигри и мечки), Заев поентираше со некои „суетен новинар и еден педер“. Со што само покажа колку е суетен и колкав усташ е. Да простат Томпсон и ХСП. Бравос Зеав, четничиште едно. Да простат Мандиќ и светиот ДФ. Но навистина. Не само туку-така, како кај Заев.

Автор: Жељко Ивановиќ, главен уредник на „Вијести“, Подгорица