Заев се договара, но планира да го прекрши договорот

Опозицискиот лидер Зоран Заев се договара, но планира да го прекрши договорот. По маратонските преговори, Заев предмалку излезе со изјава дека залудно се потрошиле 12 часа за разговори, бидејки ако се сакало ќе се постигнело договор и за 2 часа, пишува „Курир“.

Највеќе се потроши време за законот за бомби, и за нас е неприфатливо да се има до 5 години затвор за медиумите кои ќе ги објават. Втората точка каде се кршат копјата се и овластувањата на замениците министри, кои во голема мера се неприфатливи. Остануваат уште 20 часа да се постигне решение, по што доколку не се постигне СДСМ ќе излезе со конечен став, рече Заев.

Порталот наведува дека со изјавата оти за опозицискиот лидер било неприфатливо да се има до 5 години затвор за медиумите што ќе ги објават снимките, тој само потсвесно потврдува дека планира да го прекрши договорот и повторно да објавува снимки.

Како би добиле тие медиуми казна, ако Заев не им даде снимка да ја објават е прашањето кое се поставува, прашува „Курир“.

Лидерот на СДСМ…