Очекуваме напредок во приближувањето кон Европската унија и НАТО годинава, а тоа очекуваме да влијае на зголемување на инвестициите и со тоа подобар квалитет на живот на граѓаните, изјавил во понеделникот претпладнето македонскиот премиер Зоран Заев во турската престолнина Анкара на средбата со неговиот турски колега по должност Бинали Јилдирим, и побарал да продолжи поддршката од Турција за членството на Македонија во НАТО, а турскиот ремиерот порачал дека Анкара ја поддржува Република Македонија во оваа стратешка цел.
На почетокот на средбата, соопшти владината прес-служба, премиерот Заев изразил сочувство за жртвите во борбата против тероризмот со цел заштита на територијалниот суверенитет и интегритет на земјата. Имало согласност од двете страни дека борбата против тероризмот е важно прашање за заштита на светскиот мир.
На почетокот на средбата премиерот Заев изрази сочувство за жртвите во борбата против тероризмот со цел заштита на територијалниот суверенитет и интегритет на земјата. Има согласност од двете страни дека борбата против тероризмот е важно прашање за заштита на светскиот мир.
Двајцата премиери, Заев и Јилдирим на тет-а-тет средбата и потоа на ниво на делегации изразиле определеност да придонесат кон создавање услови за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и за зголемување на трговската размена.
Договорено е активирање на Мешовитиот комитет меѓу двете држави кој што ефикасно ќе ги решава сите потреби за подобра соработка на секое ниво. Премиерот Заев соопшти дека од страна на Република Македонија, комитетот ќе го води министерот без ресор, Аднан Ќахил.
„За нашата држава важни се сите инвестиции, а Турција е шестата во Македонија по бројност на инвестиции. Подготвени сме да создадеме услови за уште повеќе инвестиции бидејќи има заинтересирани инвеститори“, рече премиерот Заев. Се разговарало, исто така, и за можноста за олеснувања посебно во земјоделството.
Продолжуваат средбите на премиерот Заев, за време на посетата на Анкара на највисоко државно ниво. ретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдирим, во рамки на вториот ден од официјалната посета на Турција, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.