Поговорката, глувците први го напуштаат бродот што тоне, а капетанот последен, почна да се однесува на Владата.
Зоран Заев започна навреме да си ги вдомува кадрите, што е потврда дека очекува неговата партија, СДСМ, да доживее дебакл на претстојните парламентарни избори. Неговиот советник за односи со јавноста, Марјан Забрчанец, од главен ПР, заминува од Владата, а новата работна позиција ќе му биде национален кординатор за за стратегиски комуникации во Генералниот Секретаријат, дознава „Нетпрес“. И повеќе други кадри се подготвувале, исто така, да заминат од кабинетот на Заев.
Инаку, во последната гарнитура на Владата беа ангажирани 25 лица, еден портпарол и еден посебен советник за односи со јавност во кабинетот на Заев, додека во секторот за информирање се’ уште работеа и 13 лица од претходната владина гарнитура. Во овој сектор обврските се различни, дел се занимаваат со меѓународни односи, истражувања, анализи, медиумски мониторинг и слично.