Денешната седница на Врховен суд, на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни на осудените од случајот „Монструм“, доби скандалозен тек, откако крајно неочекувано, Јавното обвинителство побара укинување на пресудите на Апелациониот и на Основниот суд Скопје и враќање на предметот на повторно судење.
Барањето од страна на бранителите на обвинетите до судот да ја укине првостепената и второстепената пресуда е нешто што се очекува, но, повеќе од изненадувачка е „желбата“ на јавниот обвинител Лилјана Спасовска, за укинување на пресудите на веќе осудените убијци на четири момчиња и еден рибар, кај Смилковското Езеро, пред празникот Велигден во 2012 година.
Барањето на јавниот обвинител било проследено со аплауз во судот, а образложението на Спасовска за овој чекор било дека не била утврдена фактичка состојба, и поради постоење на прислушувани разговори кои евентуално би можеле да го сменат текот на постапката.
Таа посочила дека откако Врховниот суд ќе донесе одлука, може да поднесе право за заштита на законитоста кое се поднесува во случај обвинителот да им помогне на обвинетите.
Ова барање на ЈО, се поставува на дневен ред токму во тек на изборна кампања, а свежи се и ветувања на премиерот Зоран Заев дека ќе бидат амнестирани затвореници, поради наводно нехуманте услови во затворите во државава.
Но, јавноста ги памети многу добро сите негови ветувања пред албанскиот електорат со цел да ја добие нивната поддршка на претходните парламентарни избори. Едно од тие ветувања се однесуваа и на случајот „Монструм“.
Заев, за германскиот весник „Ди Цајт“, тврдеше дека обвинетите во „Монструм“ не биле виновни и биле неправедно во затвор. Тој од самото формирање на Специјалното јавно обвинителство, зборува дека овој случај треба да се предаде во надлежност на СЈО, а со некакви телефонски разговори за убиството кај Смилковско езеро, манипулира уште кога почна со мисијата за преземање на власта и објавувањето на т.н.„бомби“.
Петкратното убиство на Смилковското Езеро се случи на Величетврток. Свирепо се убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година и 45 годишен маж од селото Црешево.
Во прилог на преземени дејствија на новата власт, кои се со сомнителна заднина, а како предизборни исполнувања и политички калкулирања, се и пуштањето од затвор на осудени криминалци. Неодамна, криминалците Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу, излегоа од затвор, токму во пресрет на локалните избори.
Владата ги ослободи под сомнителни оклности, а за возврат се очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори, коментираа аналитичари.