На крајот на собраниската седница за пратенички прашања премиерот Зоран Заев ѝ понуди на Гордана Силјановска да ѝ се придружи на Владата.
Откако Силјановска ја критикуваше власта дека нема родова избалансираност во Владата и во државните институции, Заев од место ѝ дофрли.
-Ајде повелете во Влада, рече Заев низ насмевка.
На ова Силјановска се насмеа и искоментира:
-Ова е непристојна понуда.