Заев предвидува: СДСМ во првиот круг победува во 22 општини, во другите ќе влезе во вториот круг со „видлива предност“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, за Канал 5 телевизија изрази задоволство од големата поддршка што ја добива СДСМ и Коалицијата на терен и од народот.

„Јас дадов една моја прогноза, тоа се 22 општини завршени во првиот круг за СДСМ и Коалицијата и 6 општини на ВМРО-ДПМНЕ завршени во првиот круг, а секако во останатите општини каде имаме натпревар, ние имаме 69 кандидати за градоначалници и листи во сите 80 општини плус градот Скопје ќе влеземе со видлива предност“, истакна Заев.