Заев преку Георгиевски предлага да прифатиме дека македонските револуционерни организации користеле бугарски јазик

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментираше актуелниот македонско-бугарски спор.

-Гледам дека Македонско- Бугарските односи се движат кон нов ќорсокак, а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа. Затоа еве ќе дадам еден предлог, патна карта или акциски план за излез, пишува екс премиерот Љубчо Георгиевски на Фејсбук и воедно дава солуција за евентуално позитивен исход во македонско-бугарскиот спор.

Тој, меѓу друго вели дека македонската страна треба да се согласи дека Гоце, Даме, Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија. А, за затворање на проблемот со јазикот, македонската страна треба да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот врз база на македонските дијалекти, но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со што го отворила патот на македонскиот јазичен сепаратизам.

Георгиевски понатаму пишува дека официлно писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период бил бугарскиот јазик и писмо.

Се поставува прашањето, дали премиерот Зоран Заев преку оваа прилично контроверзна објава на Георгиевски пушта пробен балон за евентуално дел од овие предлози да станат и официјална политика во насока на барање решение за спорот.