Се очекува до крајот на оваа недела лидерите на најголемите политички партии во земјава да седнат на заедничка маса и да се договорат околу процесот на трансформација на Специјалното јавно обвинителство.
Премиерот Зоран Заев денеска ја прифати понудата од ВМРО ДПМНЕ за средба на којашто ќе се направи обид да се постигне консензус околу предложеното законско решение за јавно обвинителство со коешто СЈО треба да стане постојан дел од македонскиот правосуден систем.
Заев вели дојде е време за лидерска, но не само за СЈО туку и за реформскиот процес и останати отворени прашања меѓу власта и опозицијата.
„Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба“, нагласи Заев.
Во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека треба да постои институција којашто ќе истражува корупција меѓу висок државни функционери, но за нив е прифатливо таа функција и понатаму да ја има специјалната обвинителка Катица Јанева. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат на координација ќе го разгледаат предложеното решение и по внатрепартиски консултации ќе излезат со првични забелешки во однос на тоа што предвидува предложениот закон.
Засега, власта не планира да ја заобиколи најголемите опозициска партија и да го истурка законот без поддршката на пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието. Од владејачката коалиција сметаат дека постои простор за компромис и постигнување консензус за тоа како ќе функционира СЈО во иднина.
Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ кога во последните клучни гласања во Собранието обезбедуваше двотретинско мнозинство заедно со власта сега велат дека законот ќе ја има нивната поддршка доколку зад него застанат најголемите политички партии како во 2015 година кога се гласаше за формирање на специјалното обвинителство.