Заев призна: Казни од пет просечни плати за службениците, 5.000 евра за институциите кои нема да ја почитуваат двојазичноста

Премиерот Зоран Заев призна дека ја лажеш јавноста кога соопшти дека нема да има казни за незнаење албански јазик во институциите на државата опфатени со законот за двојазична Македонија.

Иако во Тиранската платформа јасно стоеше барањето албанскиот да биде јазик на исто ниво со македонскиот, поддржувачите и пропагандистите на СДСМ го негираа тоа и го нарекуваа измислица на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Курир.мк

Бујар Османи од ДУИ одамна јавно укажа дека Заев прифатил албанскиот да стане втор официјален јазик во Република Македонија како и дека со илјадници евра ќе бидат казнувани оние кои нема да го почитуваат тоа што Заев го прифатил од тиранската платформа

Во тие моменти цела ергела на СДСМ негираше дека ќе има казни, иако Заев самиот кажа дека има „позитивен аспект“ кон тиранската платформа во која е содржано ова барање. За потребите на пропагандата, ја лажеше во очи јавноста кога кажа дека е лага дека ќе има казни за незнаење на албанскиот јазик.

Неколку месеци подоцна мораше да се соочи со сопствената лага откако Владата го усвои законот за двојазична Македонија, но повторно се обиде парцијално да ја излаже јавноста, признавајќи дека ќе има казни но само за институциите.

Вистината е дека покрај институциите и службениците во сите институции низ цела Македонија кои ќе мора да бидат подготвени да одговорат на албански јазик, ќе бидат казнети со казни во висина од речиси пет просечни плати. За тоа е доказ самата содржина на законот.

otsto-1