Заев против одложување на изборите, на „лидерската“ ќе се зборувало каква кампања ќе се води

Не е добро да се одложат изборите, затоа што не постои таква причина, а на лидерската средба со другите челниците на главните партии во земјата ќе прецизираме каков вид кампања ќе се води, изјави во средата лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

„Навистина ги следиме трендовите дури од жариштата од каде што почна од Кина, работите се смируваат веруваме дека и кај нас ќе се смируваат, но до тогаш сите сме должни без разлика дали сме политички лидери на победничка коалиција да ги послушаме државните органи, целта на повикот е препораката од министерство за здравство и премиерот Спасовски нѐ повикува лидерите на поголемите политички партии за да разговараме околу моделите на водење на кампањата, веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалиционите партнери каков вид на кампања е дозволива и што е препорачлино како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта“, рече Заев.

Истакна дека лично тој не глаедал никаква причина и на кој начин би се одложичле предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април.

Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту било која причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона висрусот ќе не стави во позиција на некои поинаков вид на кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, важно е граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат, важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат, успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45 или со 75 отсто. Така што веруваме дека максимално ќе мотивираме да излезат граѓаните заради тоа што со излезноста на граѓаните и граѓанската должност секако ја исполнуваме“, додаде Заев.