![zev izjava](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/zev-izjava.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Очекувам дека секоја средба е шанса за изнаоѓање решенија за одблокирање на нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и во Европската унија. Знам дека секоја средба со пријателски мотиви може да ни ги доближи ставовите да изнајдеме решенија и навистина, оваа мала земја овде на Балканот, нашата Република Македонија, конечно по толку години да се приближи напред, рече премиерот Заев во средата.
„Упатствата коишто министерот ги доби од Владата, секако и од парламентот, се оние слични пораки што ги испраќаме сите овие денови зад нас и верувам дека во тој правец се отвораат и перспективите за разговори. Денеска се очекува да се посвети посебно внимание на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете земји и да се интезивираат и да се надевам дека граѓаните ќе почуствуваат и поконкретни резултати, тогаш тоа е добро за двете земји“, рече Заев во врска со престојот на шефот на дипломатијата Никола Димитров на Атна.
Изрази верување дека она што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор и навистина, очекувам само позитивни перспективи од ваквите состаноци.