Петто рочиште за случајот „Пуч“ во скопскиот кривичен суд. На досегашните четири рочишта, Зоран Заев,кој е еден од обвинетите, не се појавуваше во судот.
Одбраната на Заев побара судењата да бидат одложени на подолг рок, со образложение дека има политички договор случајот да го преземе Специјалниот јавен обвинител.
Кратко по рочиштето од СДСМ излегоа со соопштение за јавноста со кое нагласија дека Заев останува на истиот став соопштен и во јавноста и во судот во однос на случајот „Пуч“.
Доколку Специјалното јавно обвинителство го превземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ до следното закажно рочиште на 2-ри декември, тогаш претседателот Зоран Заев ќе се појави на судењето. Доколку дотогаш Специјалното јавно обвинителство не го превземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ претседателот Зоран Заев нема да се појави на закажаното рочиште, велат од СДСМ.
Во „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери се екс разузнавачот Верушевски, неговата сопруга, Зоран Заев, службеник во општина Струмица и вработен во МВР.