
Реакциите по акцијата во дискотеките овој виекнд е доказ дека законот важи за сите, рече во понеделниот премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Според Заев, ниедна од дискотеките во коишто е извршена акција немала лиценца, а во текот на рацијата кај неколку гости биле пронајдени дрога и оружје. Рече и дека доколку некој полицаец постапил незаконски, тој ќе биде санкциониран, но досега немало докази за нешто такво.
Пратениците од владејачкото мнозинство Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ во неделата на социјалните мрежи реагираа на полициската рација во скопските локали и приведувањето на сопственикот на „Сектор 909“, Огнен Узуновски – Оги, инаку еден од предвониците на ткн Шарена револуција со која актуелната гарнитура дојде на власт.
Богоевски порача дека заедно со пратеничката Туфегчиќ ќе ги искористат сите механизми што ги имаат на располагање за јавноста да дознае за оправданоста на овие рации.
Ноќта кон неделата полициски службеници придружувани од инспектори од повеќе сектори и од Упрвата за јавни приходи упаднаа во неколку ноќни клубови во Скопје и ги легитимираа гостите. Некои од нив, револтирани од односот на полицијата објавија реакции на социјалните мрежи.
Припадниците на МВР упаднаа во седум познати скопски локали и дискотеки, и тоа „Сектор“ „Централ парк”, „Батлер”, „Хавана”, „Епицентар”, „XL”, „Маракана”, но кај поголем дел од овие локали не биле пројаени никакви неправилнсоти или нарушувања.
Извршената акциска контрола во угостителските објекти во Скопје предизвика дебати околу тоа дали полицијата била брутална во извршување на контролата или не. Откако неколкумина беа уапсени, оваа тема стана главна на интернет.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека полицијата не употребила сила, а акцијата била спроведена според прописите и правилата.