Заев: СДСМ ниту ќе учествува на избори на 5 јуни, ниту ќе ги дозволи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, претпладнето се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.

Како што информираат од СДСМ, тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5-ти јуни и одлуката на Ѓорѓе Иванов за аболиција.

СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи, соопшти Заев.

Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи, рече тој.