Дали Заев навистина посакува избори во октомври верувајќи во партиската и лична предност пред ВМРО-ДПМНЕ за која говореше во вчерашното интервју за Бета, или се работи за уште еден блеф кој треба да и овозможи на СДСМ повторно да се врати во владата а потоа избори да нема?, аналзиира Пресс 24.
За експертите, нема дилема дека Заев не е подготвен за толку брзи избори. Спротивно од неговите тврдења, анкетите покажаа дека не само што СДСМ нема предност пред ВМРО-ДПМНЕ, туку разликата во полза на владејачката партија е непроменета.
Токму затоа како што најави и Заев во интервјуто, во периодот кој следи треба да се случат настани кои ќе доведат до расплеткување на политичката криза. Извори од Бихаќка брифираат дека се подготвува ново напуштање на Собранието со што кризата би се продлабочила за да се издејствува влез на СДСМ во преодна влада, односно власт без избори за Заев и сопартијците. За реализација на ова сценарио, се бара некаква провокација или инцидент која ќе му даде легитимитет на ваквиот чекор на Заев. Влезот во преодна влада треба да го неутрализира незадоволството внатре во партијата кое порасна со одложувањето на изборите и враќањето на политичката влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Извори од Бихаќка за порталот во изминатите денови брифираа дека моменталната состојба е очајна со перспектива и натаму да се влошува. Шарената револуција не само што не дала никакви резултати туку и го намалила рејтингот на СДСМ бидејќи според анкетите над 70 проценти од граѓаните се против вандалството и деструкцијата која ја демонстрираа СДСМ и СОРОС на протестите.
Три елементи според внатре- партиските анализи биле пресудни за на протестите да престанат да доаѓаат и последните неутрални граѓани- јавниот имот беше оштететен за над 250.000 евра, шпекулациите за девалвација на денарот оштетија голем број граѓани, демаскирањето на партиското комбе полно боја и објавувањето на списоците за дебело исплатени хонорари од СОРОС покажаа дека челниците на протестите имаат финансиски или партиски мотив. На овој начин целосно се загуби автентичноста и граѓанскиот предзнак на настаните. Токму затоа нови провокации и излез од Парламентот се гледаат каско можно сценарио за излез.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак ставија јасно до знаење дека за нив приоритет е спроведувањето на итните реформски приоритети. На иста линија се и изјавите од меѓународните посредници. Во овој процес владата очекува конструктивна улога од опозицијата но до сега СДСМ нема покажано интерес за дијалог околу законите кои треба да бидат усвоени . До овој момент партијата на Заев нема дадено ниту предлог до ДИК околу процесот за пречистување на избирачкиот список што за познавачите е знак дека оваа тема се чува за оној момент кога Заев ќе бара ново одложување на датумот за избори.