Заев се правда: Ахмети „промашил“, не бил пијаница

Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното тој во трето лице за себе вели:

„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промаршил комплетно. Значи, Зоран Заев може со македонско вино, домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.