Минатата недела беше во духот на триумфализмот за премиерот Зоран Заев откако апансаз побара во Собранието да се гласа доверба на Владата, која ја доби. Барем така се чини, во тој момент покажа дека сите коалициони партнери му се верни и дека опозицијата за џабе зборува дека ќе направи ново мнозинство.
Така самоуверен, Заев и понуди учество на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Владата во широка коалиција. Мислејќи дека постепено ја срозува опозицијата и дека ќе воспостави контрола во неа преку своите истурени приврзоци.
Високо летна ниско падна! Ова е наједноставниот опис на триумфализмот и желбите на Заев.
По изгласувањето довреба дојде нова седница на Собранието за која не се обезбеди кворум за работа. Паднаа во вода убедувањата дека ја има довербата на коалиционите партнери.
Понудата до најголемата опозициска партија за влез во широка коалиција беше остро одбиен со образложение дека не сакаат да учетствуваат во криминалите на Заев, односно да го амнестираат криминалот во таквата техничка влада.
Ајде што ВМРО-ДПМНЕ го одби на прва, туку ваквата идеја не им се допадна и на неговите коалициони партнери ДУИ, Демократскиот сојуз, ЛДП… А и во ДУИ не оди се подмачкано, како што си мсили. Оставката на Изет Меџити на местото координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието е директен удар на власта и на дел од партијата.
Тешко му оди инсталирањето на Мериот коалицијата, посебно откако Мијалков направи збрка со целиот систем, а потоа под домашно и странско влијание е осуден на 12 години затвор. Казна за која има комбинации дека може да одлежи само три години, е уште една дамка во неговото владеење.
Прашање е дали може некој како Никола Тодоров може да дојде на чело на опозицијата или Митко Јанчев. Не е тајна дека Тодоров е уценет за работи од неговото министерување, а Јанчев постојано го фали Заев. Таква опција нема да пројде во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што членството смета дека така Заев ќе ја контролира и ќе ја докрајчи.
Се чини дека Заев се прекомбинира. Се распаѓа неговата коалиција, рејтингот му оди во негатива, а тоа го покажа последната анкета на ИПИС, според која ако изборите одржат за една недела ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
ВМРО-ДПМНЕ има поддршка на 23,1 отсто од граѓаните, а СДСМ 21,2 проценти, потоа следи ДУИ со 6,9 %, па Алијанса за Албанците и Алтернатива со 5,9 %.
Сето ова води кон еден заклучок – Заев се прекомбинира. Немоќноста ја покажува секојдневно, пред се со справуавњето со пандемијата на Ковид-19 и неспособноста да се набават вакцини. Во економијата многу тешко се снаоѓа, а и многу доцни со преземањето вистински потези. Според многу информации, поедини владини ешалони ги интерсираат само парите, а за што набљудувачите не сместуваат меѓу најкорумпираните држави. За надворешната политика не требада се трошат зборови.
Бидејќи многу работи ги турка на сила, како онаа со пописот, тогаш еден добронамерен совет, затоа што му пропадна обидот за техничка Влада, а ако сака да мрднат работите, да си дадат оствака и да распишат нови парламентарни избори, заедно со локалните.