Заев се ракуваше со Трамп, па измисли дека имале средба

„Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“.
Вака Заев на социјалните мрежи се пофали дека остварил средба со претседателот на САД. Вистинско прашање е – како успеале толку да разговараат за неколку секунди?

На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај неколку секунда, а министерот Никола Димитров фотографира.

 

Фотографијата за „средбата“ на премиерот Заев и Трамп, ја овековечи министерот Димитров.