Заев сè уште преговара со држава која одбива да се извини за злоделата врз македонскиот народ извршени кога му беше слуга на Хитлер

За изјавата на премиерот Зоран Заев дека никој не смее да чепне во македонскиот идентитет, Сашо Тасевски вели дека се додека не ја распушти историската комисија со Бугарија, која токму тоа го прави, се пазари со Бугарите за македонскиот идентитет

-На Заев само глупавите може да му поверуваат. Друг никој. Премногу лаги кажа за некој да му верува.

Во контекс на денешниот ден, Победата над фашизмот, ќе потсетам дека Заев се уште преговара со држава која одбива да се извини за злоделата врз македонскиот народ извршени кога му беше слуга на Хитлер. Одбива да го признае постоењето на македонскиот народ и неговиот јазик. И зад тие ставови на Бугарија стои ЕУ и ја поддржува. Тоа доволно зборува дека на денешен ден во 1945 беше убиен само гласникот, но пораката преживеа. Фашизмот е втемелен во денешната Европска Унија. И ќе биде никулец на некоја нова голема војна. Кога тогаш.

Победа над фашизмот! Добар виц! Смешки!
Да го откопаат сега Хитлер ќе го најдат насмеан од уво до уво.