Заев: Шилегов е мој фаворит за градоначалник на Скопје

Одговарајќи на новинарско прашање, на прес-конференциајта по повод реконструкцијата на Универзалната сала, премиерот Заев одговори дека иако граѓаните ќе одлучат за кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, негов фаворит останува актуелниот татко на градот, Петре Шилегов.

– За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски – рече Заев на прес-конференцијата.