Заев си ја зацврсти позицијата во СДСМ со кадрите кои донесоа 60.000 невработени и над 5.200 починати во корона-кризата

Со изборот на Сања Лукаревска и Венко Филипче за заменик претседател на СДСМ, односно за потпретседател, Зоран Заев всушност не направи никакви промени, туку си ја зацврсти својата позиција во партијата.

Токму овие кадри коишто се избор на Зоран Заев, а во изминатиот период се на клучни државни позици не придонесоа со ништо во полза на граѓаните.

Венко Филипче како министер за здравство, не успеа да ја изменаџира состојбата со коронавирусот во Македонија, и епилогот од истата е над 5.200 починати лица и вкупно заразени до овој момент 154.698, со што ја прави Македонија црна дупка во цела Европа, но и во светот. Филипче исто така не успеа навреме да набави и вакцини, и по овие бројки Македонија е на самото дно. Од таа причина Филипче не претставува нов кадар и истиот ќе биде запаметен како најлош министер за здравство од самото постоење на Република Македонија.

Од друга страна Сања Лукаревска е само продолжена рака на Зоран Заев. Актуелната директорка на Управата за јавни приходи, е изгласана за втор заменик-претседател на СДСМ, откако Радмила Шекеринска најави повлекување. Според информациите, со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на денешниот 26. конгрес на партијата.

Од денешниот избор на 26-от конгрес на СДСМ на Сања Лукаревска за заменик-претседател на партијата може да се заклучи дека Зоран Заев на високи и клучни партиски позици поставува негови блиски и послушни луѓе.

Инаку, Лукаревска беше дел од економскиот тим на СДСМ и Зоран Заев во чие време на улица останаа над 60 илјади работници, а уништени беа и стотици бизниси за кои што не беше доволна финансиската помош од страна на државата.