Заев – Силвестри: Силна поддршка од Италија, Македонија ги заврши домашните обврски, на ред е ЕУ да вреднува

Македонија ги заврши своите домашни обврски и дека сега е на ред Европската Унија да ги вреднува постигнувањата на земјава, констатираа денеска премиерот Зоран Заев и амбасадор на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, по средбата во Владата.

„Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед, Република Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ освен за тоа кои сме“, порача Заев.

На состанокот, како што соопшти владината прес служба, заеднички е изразена надеж дека со креативен пристап е можно одржување на првата меѓувладина конференција нМакедонија со ЕУ за време на португалското претседателство. Како важна се толкува пораката што на овој начин ќе ја прати ЕУ до земјите од западен Балкан, дека останува фокусирана на проширувањето.

На средбата е заеднички оценето дека функционален парламент е од полза за граѓаните и за напредокот на државата, поради што е потребна конструктивност од сите политички субјекти.

Премиерот Заев изразил благодарност до Италија и до ЕУ за солидарноста околу вакцините. Заеднички е констатирано дека солидарноста е еден од клучните начини за справување со последиците од пандемијата, што е во полза на сите