Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го условува одржувањето на вонредните парламентарни избори на 12-ти април со изгласување на законот за јавното обинителство кој го предлагаат неговите остатоци во владата, а за кој опозицијата и јавноста оценуваат дека е предлог чија цел е ставање на оваа институција под контрола на неговата партија.
Заев во понеделникот порача дека, меѓу другото, законот за јавното обвинителство е дел од агендата договорена со сите партии до распуштањето на парламентот на 12-ти феврури.
„Ако некој го прекрши тоа, дотогаш распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите нема да се случи“, се закани Заев.
Настрана тоа што на ваквата закана на Заев, собранискиот спикер Талат Џафери од неговиот коалициски партнер ДУИ има друго мислење за тоа кога ќе бидат официјално распишани предвремените избори, неподелен е впечатокот дека лидерот на СДСМ главно цели на законот за јавното овинителство на чиешто носење во сега предложената форма се противи опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во понеделникот беа одржани повеќе средби на министерката за правда Рената Дескоска во обида да обезбеди консезус и неопходното двотретинско мнозинство за прифаќање на нејзиниот предлог за Јавното обвинителство. Тоа дојде откако на последната средба на работната група во петокот немаше конечно решение во поглед на напредок и приближување на ставоти.
Од ВМРО-ДПМНЕ повторено посочија дека за нив е прифатливо законското решение коешто ќе го изработи и ќе произлезе од самата правна експертска заедница која учествуваше во јавната дебата за законот за јавното обвинтиелство.
За опозицискиот лидер Христијан Мицскоски, единствениот приоритет на Заев е да ја избегне одговорноста за сите скандали и афери кои изминатите три години се поврзуваат со неговото име и луѓе од неговата влада. За него, законот кој всушност е предлог на Заев е едностран и спротивен на експертските забелешки.
„ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за јавно обвинителсво, туку е против партиски закон за јавно обвинителство со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Затоа предлагам законот за јавно обвинителство да дојде од експертите и професорите од Правниот факултет кои имаа релевантност и искуство од оваа материја. Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати“, му возврати на Заев во понеделникот на прес-конференција Мицкоски.
Тој посочи притоа и конкретни имиња на реномирани професори од правните науки, особено во сферата на уставно и казнено право и побара „еднаш партиите да им дадат шанса на експертите“. Така, Мицскоски како предлог на ВМРО-ДПНЕ ги посочи професорите Владо Камбовски, Гордана Силјановска Давква, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева Јовановска и Гордана Лажетиќ.
Може да се претпостави дека министерката за правда Дескоска, коај патем без преседан си се назначи себеси за претствник на земјата во Венецијанската комисија, ќе ги повтори своите обвинувања дека опозицијата го опсруирала носењето на нејзниот и на Заев предлогот за Закон за јавното обвинителство со наводна заштите на криминал.
Меѓутоа, Дескоска, доколку навистина сака да го потврди своето академско професорски ниво на кое инсистира, ќе мора да одговори и за тоа како изминативе години корупцијата стана второ име на Македонија, и изминатата 2019 година земјата се искачи земјава на високото 106-то место. А дека работите во времето на владењето на СДСМ не се подобруваат, туку напротив – уназадуваат, говори е фактот што претходната 2018-та , според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Итнернешнал, Македонија беше на 93-то место, од 180 опфатени земји.
А корупцијата во вакви димензии не се остварува доколку нејзин протагонист и поттикнувач или заштитник не е власта. Па затоа Заев не може да не биде виновен а да е премиер на најкорумпираната земја во Европа. Па дури и како само ја премолчува, а настрана што неговото име, како и имињата на членовите на неговото семејство и најблиските соработноци се провлекуваат низ сите громки скандали и корупциски афери последните години. Отттаму станува повеќе од јасно кому му е насушно потребен „специјален“ закон за јавното обвинителство и со посебно одбрани персонален состав.